Атеље за креативен творец / Петрова и Илиов

Студенти/автори на проектот: Дени Илиов и Марија Петрова
Архитектонско студио 4 – Архитектонски факултет, Скопје
Под менторство на: Доминика Бошкова и Борислав Николовски

Предметен професор: доц. д-р. Јован Ивановски

Производот секогаш е подобар кога работните компоненти се интегрирани во една кохерентна, функционална целина. Не секој простор наменет за работа поседува квалитети кои го прават фунционален, корисен и продуктивен.

Слика 4

Овој проект е наменeт за режисерката Дина Дума и претставува нејзино ателје, сместено на просторот во Старата Скопска чаршија. Професионалноста, иновативноста и инспиративниот работен простор се клучни за успешна изработка на филм. Па така во објектот е проектиран потребниот простор за повеќе месечната работa на подготовката за снимање на филмот, а дополнително е и вклучен простор  од социјален карактер.

Ситуација

Просторот од социјален карактер ќе се применува и надвор од работните временски рамки, односно по завршувањето на процесот на изработка на филм би се користил како приватно мини-кино. Ателјето е сместено во непосредна близина на Музејот на Македонија и хотелот Буши и истиот е интегриран во густото градско ткиво во современ стил.

Записи од локацијатаВо програмската концепција се вклучени простории од специјализиран карактер (канцеларии) и мултифункционални простории (простор за одмор, една голема просторија…) кои ги задоволуваат потребите на клиентот:

Основа 1

1.ПРЕДПРОСТОР:

-средба со режисерката

-дружење (на пауза за време на состаноци)

2.ТОАЛЕТ

3.МУЛТИФУНКЦИНАЛНА ПРОСТОРИЈА:

(Голема просторија која лесно се пренаменува во простор за кино, проби како и состаноци – бидејќи е простор кој не е со специјализирна намена)

-состаноци

-проби

-приватно кино

Основа 2

4.КАНЦЕЛАРИЈА 1

5.КАНЦЕЛАРИЈА 2

6.ПРОСТОР ЗА ОДМОР:

-престој на режисерката

-средба

-проби

Основа 3

7,БАЊА

8.ГРАДИНА

вкупна површина: 102.3 m2

работен простор: 58.5 m2

привремен престој: 16.6 m2

Анатомија

Пресеци:

Пресек 1-1

Пресек 2-2

Пресек 3-3

Изгледи:

Изглед 3 Изглед 2 Изглед 1

Фото од модел:

Слика 3

Слика 2

Слика 1

 

Ф.К

 

 

Автор на статија: