Глигорие Ташковиќ ( Битола 1901-1963 Њујорк )
07.01.2015 • Автори
Дипломирал на Градежниот отесек при Техничката велика школа во Белград во 1925 година. Од 1925 до 1932 година работел како државен службеник во Битола, одговорен за изградба на патишта. Во 1928 година престојувал во САД каде што бил на специјализација за изградба на модерни автопатишта. Од 1935 до 1946 година бил сопственик на градежна фирма со седиште во Скопје. Во тој период изградил многу објекти на нискоградбата и високоградбата, како што се патишта, мостови, аеродроми, стоковни куќи и фабрики. Фирмата работела за Југославија, Бугарија, Турција во која биле вработени 3000-5000 работници за различни проекти. Тој го извршил сушењето на мочурното земјиште околу реката Црна на површина од 30000 ха во пелагониската рамнина. Негови позначајни реализирани објекти:
1933 Меѓународниот автопат: Велес-Градско, Прилеп-Градско, Битола-Кичево
1935 Мостовите на: Црн Дрим во Струга, Црна Река до Битола, Камениот мост на р. Црн Дрим во Дебар, бетонскиот во Велес над автопатот.
1937 Земјоделско училиште во Битола
1938 Хидробиолошкиот институт на охридското езеро,
1939 Банската палата ( денешно собрание на Република Македонија)
1939 Железничката станица во Скопје
Авторски проекти:
1936 Индивидуална семејна куќа на Боро Николиќ на ул. 463 ( Мишко Михајловски ) во Скопје
1940 Станбениот објект (П+3+По) на Глигорије Ташковиќ, на аголот од улиците Орце Николов и Ленинова во Скопје
Податоците се позајмени од книгата „Градителите на Македонија XVII-XX век”, од проф. Георги Константиновски, со личнo одобрение на авторот.
Автор на статија: marh