Архитектура, помеѓу архитектурата

Фотографии: Борис Јурмовски

На 6ти октомври, во Младинскиот културен центар – Скопје, во склоп на Бела Ноќ, се оддржа изложба насловена како „Архитектура, помеѓу архитектурата“. На истата се претставени 4 истражувачки проекти  создадени за целите на „Архитектонско репроектирање на урбаниот опфат „Судска Палата“ во Скопје кон програмска и просторна трансформација на местото“.

Автори на проектите се: Ален Цветковски, Анита Михајлова и Кристина Делева. Проектите ќе ги презентираме во одделни објави во категоријата – студентски проекти