АРХИТЕКТ АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ

Година: 2001

Автори: Јасмина Хаџиева Алексиевска, Елизабета Касапова

Фотографии: Борис Грдановски, Фототека на институтот за историја на архитектурата и уметноста при Архитектонскиот факултет, Скопје

Извори: „Архитект Андреја Дамјанов“

Големината и знајчајноста на архитектот и градител Андреја Дамјанов, за македонската архитектура е докажана и регионално обзнаена. Овој неимар, прото-мајстор покрај придонесот во Македонија (на историско – географската и етничка територија), е можеби и најпознатиот градител на сакрални објекти од XIX  век на Балканот.

За оние кои сакаат да се запознаат со неговиот лик и дело, топло ви ја препорачуваме опсежната биографија „Архитект Андреја Дамјанов“ од авторите Јасмина Хаџиева Алексиевска и Елизабета Касапова. Изданието го презентира неговото семејно стебло и градителската традиција кај нив, која се провлекува со векови.

Покрај градителството, во семејството Рензови-Дамјанови-Зографски се дејствувало и во полето на сликарството (иконопис и фрескопис) и резбарството (дрво, камена пластика).

Како значајни архивски прилози се презентирани и оригинални цртежи за некои од делата на Андреја Дамјанов, работени во молив и туш, приложени од приватната збирка на инж.арх. Симеон Дамјанов Зографски – внук на Андреја.

Авторите во ова значајно четиво, ги вклучуваат и техничките цртежи на јавно познатите и реално присутните остварувања на Дамјанов, во Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, изработени во склоп на Институтот за архитектура и уметност при Архитектонскиот факултет во Скопје.

Ова инзворендно парче литература за градителската традиција во Македонија, можете да го најдете во библиотеката при Архитектонскиот факултет во Скопје.