АРХИтекТУРА: Процеси / МИТ

Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје, ве поканува на отварањето на годишната архитектонска изложба на студентски проекти.

Темата на изложбата и проектите гласи: “АРХИтекТУРА: Процеси”, а самата изложба се состои од 50тина проекти работени во текот на зимскиот и летниот семестар од тековната академската 2024/2025 година. На изложбата ќе бидат изложени проекти, истражувања, цртежи и макети од студентите од прв и втор циклус студии, од областите на архитектонското проектирање, урбанизмот, ентериер и дизајн, графичко и визуелно изразување, историја на архитектура и архитектонските технологии.

ОТВАРАЊЕ: 18.06.2025 г. (среда), во 19.00 во галерија КО-РА (Дом на градежници, Скопје, сутерен)

Автор на статија: