Во хрватското списание „АРТИКУЛАЦИИ“ објавени фотографии од нашата збирка разгледници „Бетонско Скопје“

Уметничката организација „Артикулации“ е основана во 2016 година со главна цел промоција на литературата и читањето. Основната дејност на „Артикулации“ е издавачка дејност, организирање на литературни настани и фестивали. Воедно издаваат истоимено списание за читање, кое носи современа хрватска и преведена литературна продукција, есеи, критики и интервјуа, како и уметнички фотографии и илустрации.

 

 

Во новиот број на списанието се појави еден цел дел посветен на Скопје, четива од македонски автори, кои ги пратат и нашите фотографии од збирките разгледници „БЕТОНСКО СКОПЈЕ“ 🙂

 

Извор >>>