Архитектурата на почвата на Македонија / Книга ХIV

Проект: Макропроект „Историјата на културата на Македонија“

Наслов: Архитектурата на почвата на Македонија, од средината на XIX до крајот на XX век

Серија: Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на македонија, книга 14

Издавач: Македонска академија на науките и уметностите

Уредувачки одбор: акад. Георги Старделов, акад. Крум Томовски, проф. д-р Михаил Токарев

Стручна редакција: акад. Крум Томовски

Лектура: Здравко Ќорвезироски

Коректура: Виолета Јовановска и Драгица Топузовска

Печат: „Македонска ризница“, Куманово

Тираж: 500 примероци

Година: 2006

„Архитектурата на почвата на Македонија“ (XIV) во рамките на макропроектот „Историја на културата на Македонија“ е пример документирање и истражување на градителско наследство во македонскиот географски простор – уште од неолитот, античкиот период, византиски период, период на Македонската православна словенска епоха, Османлискиот период  – се до крајот на ХХ век.

Книга 14 имено и последниот том од колекцијата на  проектот е посветена на познатите македонски градители или градителите што граделе во Македонија на Балканот и во светот. Во него се застапени 22 архитекти, започнувајќи од големиот период на Андреја Дамјанов па сѐ до денес. Книгата се обидува низ серија на кратки есеи да го претстави творештвото и придонесот на градителите, започнувајќи од преродбениците на македонската архитектура па се до пионерите на модерната и регионалниот модернизам. Изданието e задолжително четиво кое во најдобро светло ја претставува долгата и богата историја на модерната архитектура.

Книгата е достапна на веб страната на Македонска Академија на Науките и Уметностите. ЛИНК