Архитектурата, скулптурата и сликарството на новиот век_Михаил Токарев

Кога сме кај стручната литература на македонски јазик, неминовно треба да почнеме од изданијата на проф. д-р Михаил Токарев, кој е искусен стручно-научен и педагошки работник. Еден од ретките, кој успеа да создаде стручна литература по тековен предмет на Архитектонскиот Факултет.

Денес, ја презентираме „Архитектурата, скулптурата и сликарството на новиот век“, која им е одлично позната на студентите. Запознавањето со светското културно наследство, архитектурата и уметноста е база за суштинското распознавање на развојот на мислата, општеството, творештвото на цивилизациите од  XV до XIX век.

Во овој период се надоградува знаењето од стариот и средниот век, преку епохата на хуманизмот до ослободеното граѓанство и потрагата по новата рамнотежа помеѓу световното и религиското.

Ова е првата официјална историја на архитектурата, скулптурата и сликарството на македонски литературен јазик. Четивото е од исклучително значење и придонес кон образованието, кое за жал најчесто се темели на скрипти, книги на странски јазици.

Доколку сакате да се запознаете со теориите и најдобрите реализации од  ренесансниот период, периодот на барок, рококо, класицизам, неокласицизам, романтизам, еклектизам се до почетоците на модерната, тогаш имате можност тоа да го дознааете од оваа книга.

Истата е богата со фотодокументација и  технички цртежи, а за нејзиното создавање, често професор Токарев споменуваше дека е резултат на истражување на повеќе од 300 странски наслови.

Доколку не можете да ја најдете во книжарниците, авторот ја има поставено во pdf датотека на својата страна www.mihailtokarev.mk каде можете слободно да ја симнете и проучите дигитално.

2Ф.К

Автор на статија: