„Бетонски спијачи- недовршена модернизација“
27.04.2019 • Информации Истражување

„Бетонски спијачи- недовршена модернизација“ е серија посветена на модерната и постмодерната архитектура на територијата на бивша Југославија, која во втора сезона ќе се емитува на ХРТ 1, од недела 28.04.2019 во 20:40 часот .
Втората сезона ја прикажува амбициозната и прогресивната урбанистичка замисла од втората половина на XX век, која остана делимично реализирана од повеќе специфични причини: неможност социјалистичкиот систем да оствари се што ветил па се до сложени гео-политички околности. Наместо да се продолжи таму каде се застанало, идејата за јавното добро се напушта, а во периодот на недовршеното минато и незамислената иднина страда урбанизмот.
Сепак, на пркос на деградацијата, модерната архитектура и урбанизмот се витални примери на културата на планскиот развој чиј квалитет граѓаните го препознаваат. Продолжувањето на модернистичкиот процес денес значи распознавање на наследениот потенцијал и понатамошен развој на неговите вредности.

Автор на статија: Filip Koneski
Betonski spavači / HTV 1 / Бетонски спијачи / документарен филм / модерна