„БЕТОНСКО СКОПЈЕ“ во Битола
03.12.2023 • Изложби

Како дел од програмата на Втората годишна средба на архитекти и урбанисти, која се оддржа во Битола на 1 и 2 декември, 2023 година, беше поставена и изложбата „Бетонско Скопје“.
Изложбата опфаќа 34 фотографии, кои се дел од трите збирки на разгледници со истоимениот наслов, реализирани од 2018-2022 година, како дел од издавачките активности на платформата и страната за промоција на македонската архитектура МАРХ (marh.mk). Проектот е авторство на архитект Филип Конески, додека фотографиите се работени во коавторство со архитект Борис Јурмовски.

Автор на статија: Filip Koneski
Бетонско Скопје / Битола / Борис Јурмовски / втора годишна средба / марх / офицерски дом / Филип Конески / Фотографии