BIG SEE IN МАКЕДОНИЈА/MACEDONIA

Вчера во 18 часот, платформата BIG SEE www.bigsee.eu оддржа средба со македонските архитекти и креативци.  За оние кои задоцнија, а се појавија на местото кое беше наведено во настанот, мораме да известиме дека вината за промената на локацијата не беше на организаторот. Се соочивме со македонската политичка реалност, каде поради отсуството на „Северна“ во насловот на настанот бевме одбиени да ја оддржиме средбата.

 

 

Не сакајќи повеќе да навлегуваме во и онака  бајатата македонска реалност која очигледно се обидува да навлезе и во недржавните активности на поединци, ве известуваме дека настанот се помести во соседниот локал кон Градскиот Парк.

 

 

Предводник на настанот беше основачот и извршниот директор  (CEO) на BIG SEE, Змаго Новак кој со својот маркетинг партнер, не упатија во работата и мисијата, но пред се визијата за заеднички развој на регионот во блиската иднина.  На средбата присуствуваа архитекти, модни креатори и  сите останати заинтересирани, кои имаа можност да добијат каталози и списанија „Hiše“.

Целта на настанот е да се создадат контакти помеѓу креативните професионалци од регионот, истите да се поврзат и да се развиваат во иднина деловни контакти од корист на сродните индустрии.

 

 

Покрај неформалната дружба, основачот и неговиот тим се во 5дневна посета на Македонија, во која ќе остварат средби и со Министерството за Економија, Архитектонскиот факултет при Уким, Комората на овластени архитекти и инженери итн.

 

 

 

Фото: Борис Јурмовски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Автор на статија:

/