БИСТА, биенале на студентите по архитектура 2023 /фотогалерија/

Вчера во Музејот на современа уметност во Скопје, од 20 часот беше отворена  БИСТА – Биенале на студентите по архитектура, како дел од поопширната програма на БИМАС.

На изложбата земаа учество 5 факултети по архитектура, презентирајќи дел од работата на студентите изминатите години, обработувајќи различни теми и предизвици. Добар повод да се посети МСУ и да се погледне работата на идните македонски архитекти.

Во прилог фотогалерија од отворањето: