Конкурс „Tactical Urbanism 2021“ / „Bringing people together” / Нусејба Хамити, Фјола Саити

 

Kонкурс:  TerraViva „Tactical Urbanism Now“

Автори:  Нусејба Хамити, Фјола Саити

Година: 2021

Локација: Тетово

 

“Bringing people together” – е проект избран како финалист на меѓународниот конкурс Tactical Urbanism 2021 организиран од Terraviva

Овој проект е резултат на соработката на двајца архитекти од Тетово, Нусејба Хамити и Фјола Саити за учество на меѓународниот конкурс Tactical Urbanism 2021 каде што беа избрани финалисти. Tactical Urbanism 2021 е второто издание на овој натпревар организиран од TerraViva.

Подолу можете да го прочитате објаснувањето на авторите:

Пресек

Динамиката на градба во Тетово создаде видлив недостаток на зелени површини како јавни простори каде што луѓето ќе можат да се собираат и дружат. Сепак, сè уште има слепа нефункционална улица како онa избранa за интервенцијатa, со капацитет да ги исполнува социјалните потреби на локалното население.

Ситуација

Основната идеја на овој предлог е да се овозможи собирање на луѓето од различни возрасти, полови и маргинализирани групи на едно место, каде што ќе можат да поминуваат време и да придонесат за подобар живот во овa зона. Разбирливо е дека жителите ќе бидат главни корисници и ќе комуницираат главно со урбана интервенција, но концептот на овој дизајн овозможува поширока јавна употреба.

Целиот дизајн започнува со две патеки кои се среќаваат во одредена точка, каде што создаваат место за општеството, за обединување на луѓето, како што направија архитектите на овој проект. Мултифункционалната интервенција се состои од маси, урбана градина и игралиште. Дизајнот е поделен на два ката со различни намени. На приземје има маси, слободни простори и кујна во која луѓето можат да јадат, пијат, слават и играат со пријателите и во дождливи денови поради градбата на горниот кат. На првиот кат се создадени кутии кои заедницата може да ги користи за садење зеленчук и овошје.

Горен кат

Последните години од пандемијата не научија колку е важно да се биде близок со луѓето. Со концептот на обединување на луѓето, ќе има економски придобивки, активен пат за социјална интеракција и можност да се организира фестивал на храна кога е време на жетва.

Аксонометрија
Функции