BRT Скопје ќе почне со реализација во 2027 година

Деновиве градоначачникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на реализацијата на BRT системот во 2027 година, со кој треба да се направат сериозни промени во јавниот превоз во Скопје. Како измени во проектот се најавува проширување на Линија 2, која треба да се продолжи од Бутел кон Радишани, и од Кисела Вода кон Драчево.

Во периодот на претходната градоначалничка на градот, кога се реактуелизира темата во јавноста, се обидовме подетално да објасниме за предностите и наводните недостатоци и предизвици во проектот, кој сепак сметаме дека е единствено брзо и економично решение за јавниот превоз.

Со цел да не се повторат истите грешки во транспарентноста кон јавноста, но пред се кон професионалната јавност, како и појавата на  возможните дезинформации, апелираме до Градот Скопје  да организира јавни дебати и презентации пред да започне со доработка на проектот до фаза на основен проект.

Проектот ги има истите предизвици: водоводната цевка на Партизанска, средишното зеленило, позицијата на автобуските постојки, леви или десни врати на автобусите, загубата на паркот на последна 5ка во Ново Лисиче, Јаворите во Чаир, теснецот на Чешма, рушење на мостото „Обединети Нации“ и сл. Со цел да се овозможи транспарентност во процесот, апелираме на јавни презентации и дискусии кои ќе го доближат проектот до пошироката јавност!

На темата подетално дознајте од нашата претходна објава >>>

БРЗИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ