Центар за креативни индустрии на локација на поранешна фабрика „Металски Завод Тито“ – Скопје / Попаѓиноска

Година: 2020

Тема: Индустрија во град

Наслов: Центар за креативни индустрии на локација на поранешна фабрика „Металски Завод Тито” – Скопје

Предмет: Магистерски труд / АФС

Автори: Ана Попаѓиноска

Универзитет: „Св. Кирил и Методиј“, Архитектонски факултет – Скопје

Ментор: Проф. д-р. Горан Мицковски

Локација: Металски Завод Тито, Скопје

Процесот на деиндустријализација остави голем број на напуштени индустриски објекти и локации во градовите во Македонија. Овие локации се голем потенцијал за градовите повторно да се развијат. Но можеме да забележиме се поголем број вакви локации кои не се во употреба или постепено се напуштаат. Проблемот е во тоа што со текот на времето наместо да се искористат празните индустриски зони или индустриските објекти тие се пренасочуваат на нови локации така што постојните напуштени локации остануваат и пропаѓаат пред нашите очи.

Ситуација

Благодарение на новите технологии, денешните индустрии не загадуваат и не привлекуваат голем сообраќај, така што истите без проблем може да се лоцираат во градовите или пак да се искористат напуштените локации и повторно да заживеат во духот на индустријата, но сега во онаа незагадувачката. Кога сме кај незагадувачката индустрија, една од поактуелните е креативната индустрија и токму таа ќе биде цел на ова истражување.

Креативни индустрии се оние кои зад себе оставаат креативни дела, дела кои што остануваат ако може да се каже „трајно“ како што се: песни, музика, текстови, видео игри, програми, апликации, емисии, учење, креирање и многу други. Со воведување на ваква индустрија ќе се развие целта територија и со сето тоа ќе се намали оддалеченоста од местото на живеење до местото за работа. Може да се предвиди и хибридна програма која ќе се комбинира со новите индустрии и на тој начин да се направи прилагодување на околината.

Генеза на форма

Целта на истражувањето е да се истражат новите индустрии, таканаречени креативни индустрии, односно сите активности кои што се предмет на авторски права. Всушност треба да се поттикне регионалниот и локалниот развој, да се промовира разноликоста на изразување и спојување на креативците во бизнис секторот. Исто така целта на истражувањето е и да се поттикне свеста за да се искористат напуштените индустриски локации во градовите во Македонија, а не да се наоѓаат нови, освен во случај на нескладност на таа локација (пр. Загадувачка индустрија).

Локацијата се наоѓа на една слободна парцела во „МЗТ“, а тоа е и целта на ова истржување, искористување на веќе постоечките индустриски зони, а не креирање на нови кога веќе има постоечки. Оваа локација е голем потенцијал за развој во градот. Благодарение на новите технологии, денешните индустрии не загадуваат и не привлкуваат голем сообраќај, така што истите без проблем може да се лоцираат во градовите или пак да се искористат напуштените локации и повторно да заживеат во духот на индустријата, но сега во онаа незагадувачката.

Аксонометрија

Исто така оваа област со текот на времето од индустриска зона станува се повеќе економска. Треба да се создаде една визија за иднина, една нова типологија и трансформација од индустриска во економска зона, а со тоа да се доведе до поголем развој на градот и заживување на местото.

Основа на приземје
Основа на прв кат
Основа на втор кат

Оваа локацијата нуди можности за дополнително активирање на овој дел од градот, а има голема побарувачка.

На оваа локација преку овој објект се предвидени креативни индустрии како телевизиска индустрија, музичка индустрија, информатичка индустрија и модна индустрија. Други содржини кои се јавуваат во овој центар за креативни индустрии се и sharing spaces односно простории за изнајмување, ресторан, барови, простор за заедничка дружба, продавници.

Визуелизации

Фотографии од макета