Честит Илинден!

2ри август е голем ден во македонската историја. Во повеќе наврати македонскиот народ, овој датум го одбирал за значајни историски одлуки и случувања.

Во контекст на славата на тоа минато, во Македонија се изградени исклучително вредни архитектонско-уметнички остварувања за илинденскиот и партизанскиот период.

Едно од највредните остварувања е споменичниот комплекс „Македониум” во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание.Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска.

Искра Грабулоска со модел од Македониумот

Ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Македониум_марх _фотографиите се позајмени

Оваа дело, се популазира во последните години на меѓународната сцена, како дел од смелата архитектонска доба на југословенските народи.  До денес е објавен  на сите попознати светски портали, а уште поинтересно е што влегува во перцепцијата на повеќе артисти, кои го илустрираат и реинтерпретираат. Споделуваме две од нив:

1,Популарната кубанска уметничка група „Лос карпинтерос“, во превод дрводелци, го изработија сликарското дело насловено како „Крушево лего“,  дел од изложбата посветена на споменичната архитектура на југословенските народи.

Нивната работа можете да ја проследите на: www.loscarpinteros.net

los-carpinteros_Makedonium

2, Македониумот се најде и во уште колекција на илустраторот Ксиран Ма, која ја сподели својата илустрирана збирка на порталот Archidaily.

Graphic_Design_cOMBINE_ARCHDAILY_final_back.pdf-02

Ова вонвременско дело на македонската архитектура и уметност ја шири мислата за слободата на македонскиот народ. Се надеваме дека ќе продолжи да инспирира и да говори за современата интерпретација на патриотската мисла, како единствена достоинствена алатка на времето.
За многу години, честит Илинден!
МАРХ

 

Автор на статија: