Стара скопска чаршија / Балабанов

Автор: Коста Балабанов

Година: 1994

Издава: Туристички сојуз на Скопје

Уредник: Душко Кузмановски

Фото прилози: Кочо Нетков

Корица, карта и карикатури:  Сунчица Божиновска

Коста Балабанов (1929) е историчар на уметноста и автор на преку 200 стручни и научни трудови посветени главно средновековната уметност.

„Стара скопска чаршија“ е издание кое на читателот му нуди еден краток но многу информативен преглед околу овој историски потег на градот Скопје. Изданието е поделено во два дела, во првото  читателот се запознава со историјата на Скопје, претставено преку еволуцијата на чаршијата, додека во вториот дел читателот се запознава со старо Скопје и неговите архитектурни споменици и институции од областа на културата и уметноста во рамките на три посебни итинерери.

Изданието е збогатено со прекрасните илустрации од Сунчица Божиновска кои се комплементарни на текстот и фотографиите кои го носат читателот низ приказната на старата скопска чаршија.