“Choice “ / Feydom
11.07.2016 • Ентериер и мебел
Бренд и производител: FEYDOM
Тип на мебел: модуларен сет на елементи
Автори/дизајнери: Филимена Радоњанин, Зоран Радоњанин
Година: 2015
Choice е модуларен сет на елементи, од кои можете да составите мебел по ваша потреба. Идеално се замислени елементите и нивното димензионирање со што ви даваат неограничен број на комбинации. Совршен за архитекти и решавање на малите простори.
Овој модел учествуваше на повеќе саеми од неговото официјално пуштање во производство и веднаш наиде на позитивни реакции. Истиот беше влезен во селекција за наградата „Interior innovation“ на саемот за мебел во Келн 2015, како и тековната номинација за „German Design Award“, што зборува многу за нивото на дизајн и квалитет. Скопската јавност моделот го виде на последниот Скопски саем за мебел.
На страната на FEYDOM, од овој модел ви се предложени три комбинации на елементи и сетови на Choice, но покрај нив, имате можност сами да одберете што сакате да купите и сами да составите гарнитура по своја мерка.
Choice 1
Choice 2
Choice 5
Од страната можете да ги симнете спецификациите на моделите и елементите, како и техничките цртежи за да ги употребите во своите проекти. Конфигураторот ќе ви помогне да ги визуелизирате достапните бои на микрофиберот, кој веднаш ги „монтира“ на посакуваниот модел.
Feydom е македонски бренд, кој во моментов е лидер во светот на тапацираниот мебел од секој аспект во Македонија. Производството, дизајнот и менаџирањето на овој бренд се случува во нивниот објект во скопската индустриска зона Визбегово, а скоро секој производ е добитник на престижни награди на највисоко светско ниво.
Feydom полека го освојува и европскиот пазар каде може да се најдат брендирани салони во Шпанија, Германија, Словенија, Србија, Полска, Малта итн.
Ф.К
Автор на статија: marh