City house / BINA

Локација: Ѓорче Петров, Скопје

Површина: 244 m2

Година на изведба: 2022

Студио: BINA [bureau of inventive architecture]

Проектанти: Бекир Адеми, Амине Адеми

Веб страна: www.bina.mk

Фотографии: Васе Аманито

 

Лоциран во мирна урбана средина во населбата Ѓорче Петров во Скопје, објектот се наметнува како нова референтна точка на аголот на две улици.

 

 

Современиот израз во појавноста и изборот на навидум смелата фасадна боја всушност допринесуваат за интегрирање на овој објект во опкружувањето кое изобилува со кровови во теракотна боја. Едноставниот волумен на куќата со елегантен гест кај атиката формира мек спој со соседниот објект и обезбедува континуитет на градската форма.

 

 

Неправилниот квадрат во основа е решен со поставување на сервисно јадро во вид на двовисински репрезентативен простор каде се сместени сите комуникации и санитарни простори. Јадрото е оформено преку пропорционално смалување на габаритот со што е создаден периметар од простори за живеење и одмор со поволна ориентрација и широки визури.

 

Автор на статија:

/ /