“City tree” во Скопје
25.03.2017 • Урбана опрема
Деновиве во строгиот центар на градот, се постави еколошки билборд “City tree”. Неговата улога е филтрирање на воздухот со моќност на дејноста компарирана со 275 дрвја на годишно ниво.
Билбордот претставува комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза со моќ да апсорбираат штетни честички од воздухот (NО2, CО2 и цврсти честички со големина од 10 и 2,5 микрометри).
Проектот е реализиран како донација на Германската амбасада во Македонија и центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“.
На свеченото презентирање, присуствуваа амбасадорката Кристина Алтхаузер, Ана Чоловиќ Лешоска (Еко-свест) и Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.
Ист ваков билборд се постави и во Тетово.
Фотографии: Борис Јурмовски
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski