Да инвестираме во футуризмот
19.11.2019 • Информации
Да инвестираме во футуризмот: Културните пејсажи на еден пост-социјалистички град
Петок 22 Ноември од 19-22 часот во просториите на Кино Култура во Скопје:
19:00 – 20:00 Прикажување на хрватскиот филм Betonski spavači: епизода Скопје, Хулахoп, Хрватска
20:00 – 21:30 Панел Дискусија со:
1. Валентино Димитровски – Раководител на одделение за движно културно наследство.
2. Д-р. Љупчо С. Ристески – Институт за етнологија и антропологија.
3. М-р. Василка Димитровска – Директорка на ХАЕМУС.
4. Наум Трајановски – Кандидат за докторски студии на Школата за општествени истражувања при Полската академија на науките.
5. Д-р. Ана Ивановска-Дескова – Архитектонски факултет
6. Модератор: Билјана Волчевска – Проектен менаџер во форумЗФД.
По катастрофалниот земјотрес од 1963 година, Скопје беше замислено, а потоа и изградено како пример за модерен, футуристички, социјалистчко – утопистички, југословенски град. Остатоците од оваа замисла и ова Скопје се видливи во материјалната, како и во нематеријалната култура на градот.
Во многу од пост социјалистичките држави се одвиваат дебати за архитектурата и за симболизмот на ова културно наследство, но и за неговиот потенцијал. Во Скопје, социјалистичкото културно наследство, често стои како игнорирано, наспроти ново произведеното културно наследство.
Овој настан ќе ги адресира прашањата: како пост – земјотресно и социјалистичко Скопје и неговото културно наследство се дефинирани во јавниот и професионалниот дискурс? Какво знаење се инвестира во ова наследство? Дали се работи на општествено прифатливи и позитивни начини за справување со ова културно наследство, така што нема да биде грубо игнорирано или целосно избришано од јавниот простор? Која е причината за (не)интересот за социјалистичкото, материјално – културното наследство и неговата монументална уметност? Кој е културниот, економскиот и општествениот потенцијал на ова минато и како тоа се вклопува во денешните урбани планови и современото осмислување на просторот?
Автор на статија: Vase Amanito
HAEMUS / Брутализам / Дебата / кино Култура / Скопје / футуризам