Да се обидеме да замислиме ПАРК
Меѓу пругата која води од Транспортниот Центар од Скопје кон Велес, кај депото на Македонски железници и средното училиште „Димитар Влахов“, се простира голема полјанка која е скриена од погледи.
Од тука се простираат отворени погледи кон Водно и опкружувањето. Околу полјанката има помали формации на индивидуално домување, но нивната организација е повеќе рурална отколку градска. Потребно е целосно реобмислување на просторот кој нема да го изостави и домувањето.
Веќе во тек е реализацијата на комплексот Порта Супериум, а според она што може да се види на страната на Општина Аеродром, руралниот изглед на малото ќе се замени со градска структура на објекти за колективно домување.
Но што со слободната полјанка? Дали сме способни на ова место да замислиме парк од 50.000 m2, од нивото на „мега парковите“ како љубат да ги викаат од управата на Градот Скопје?
Овој простор го презентиравме во објавата – „За градското зеленило (2): Потенцијал за промени“ и го доставивме како предлог до Општината Аердором во една отворена анкета за идеи.
Можеби е време за посериозна иницијатива за истото 😉
Автор на статија: Filip Koneski
Општина Аеродром / Полјанка позади „Димитар Влахов“ / Предлог за нов парк