ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО НАСЕЛБА ПРОЛЕТ / ИНКОМ Инженеринг
28.01.2025 • XXI век
Автори: Снежана Костовска , Билјана Кубуровска
Надворешен консултант: Игор Котларовски
Студио: Инком Инжнеринг
Год. на проектирање: 2020-2021
Год. на изведба: 2024
Фотографии: Снежана Костовска, Филип Конески
ЛОКАЦИЈА:
Според програмските барања на Инвеститорот изработена е техничка документација – Основен проект за изградба на нова детска градинка. Предметната локација се наоѓа во населбата Пролет, во Општина Центар на Г.П 1.02 формирана на КП 13238 со намена В2 Здравство и социјална заштита – Детска градинка. Градежната парцела се наоѓа на простор во непосредна близина на О.У. “11 Октомври”, во чија околина се доминантно зелени површини и објекти за станбено домување.
- Вкупна површина нa ГП: 1992м2.
- Површина за градење: 1334м2
- Бруто развиена површина: 2669м2
- Процент на изграденост: 99%
- Коефициент на искористеност: 34
- Височина на ниво на заштитен тротоар до венец Н=8.00м П+1
фото: Филип Конески
ВОВЕД:
Согласно изводот од ДУП и проектната програмата изработен е основен проект за детска градинка, со следните параметри:
- Изградена површина: 1210м2
- Бруто развиена површина: 2350м2
- Процент на изграденост: 60,76%
- Коефициент на искористеност: 18
- Височина на ниво на заштитен тротоар до венец Н=7.15м
Функционалните, конструктивните, естетските и содржинските барања на објектот во целост се усогласени со условите карактеристични за локацијата и поширокото окружување.
фото: Снежана Костовска
СОДРЖИНА И ФУНКЦИЈА:
Предвидената локација се наоѓа во Центарално градско подрачје, со густа населеност, со аголна поставеност и граничи со собирна улица „Никола Карев“ и станбена улица „Мирче Ацев“. Со оглед на тесната локација, при процесот на проектирање, посебно се внимаваше да бидат задоволени сите услови предвидени за детски градинки., а воедно да се почитуваат и побарувањата на Инвеститорот.
Локацијата е приклучена на постоечка инфраструктура.
Изградениот дел – детска градинка е со катност од По+П+1, со вкупна нето површина од 2760,00м2. и вкупна бруто површина од 3276.00м2.
Концептот на истата е да се обезебди детска градинка во која акцентот пред се се става во функција на децата и обезбедвање на удобен простор за ран развој и игра на децата.
Со отворениот дел обезбено е 20% зеленило од градежната парцела, ореинтирано на југоистолниот дел од парцелата.
Во предвиденотот техничко решение посебно е внимавано и на сите пристапи и влезови да бидат одделени.
- ГЛАВНИ влезови (два) за родители деца
- АДМИНИСТРАТИВЕН влез за воспитувачи и администрација.
- ВЛЕЗ за вработени во кујна
- Влез (ЕКОНОМСКИ) од подземен паркинг
- Посебен пристап за возила во подземен паркинг
- Помошен (ПП) излез
- Излез на деца (од занимална во двор)
- Излез на отпад
Поради тесната локација, пристапот кон главните влезови во самиот објект е лесно пристапен, додека целата локација е оградена и обезбедена.
Обезбеден е подеземен паркинг простор за дел од вработени, со контролиран пристап преку аб рампа во објектот, додека други паркинзи обезбедени се на заеднички паркинг простор со ОУ„11 Октомври“.
Детската градинка е предвидена со капацитет за околу 150 деца, организирани во 9 занимални, по возрасни групи, ориентирани према на југозапад и една занимална во приземеј со ореинтација кон југоисток.
- Во призмјето главниот пристап е преку два влеза и тоа еден е прим на деца од 2- 4 год , а друг е за прием на деца на возраст од 4-6 год. Влезовите се контролирани преку посебна просторија за мониторинг, сместена на почеток на едниот главен влез. Децата од 2-6 год сместени се во приземје во 5 занимални, од кои преку санитарен дел може да се излезе во дворот, каде е предвидена урбана градина со сандуци со песок и земја, детски реквизити (лизгалки,лулашки,мостови) до кои можат да пристапат и деца со попречнеост во движење, како и предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа.
Петте занимални во приземјето се групирани по две занимални и санитарен дел и една занимална со најголема возрасна група на деца (5-6год) со свој тоалет и излез во двор.
Предвидена е централна повеќенаменска просторија со пристап од двата глави влезови.
фото: Снежана Костовска
Поради тесната локација, во приземјето, долж повеќенаменската просторија предвиден е отворен трем (заедничка отворена занимална) со дрвен под, во кого се пристапува преку големи лизгачки стаклени врати, кои имаат можност да се отворат и да се спојат заедно со повеќенаменската просторија во една целина. На страничниот фасаден дел во тремот предвидена е и детска болдер карпа.
Во приземјето преку посебен администартивен влез за вработени се влегува и до просторија за лекар со изолација за дете и просторија за стручни соработници. Вработените во призмјето преку групни гардероби и санитарен дел пристапуваат кон занималните, додека на катот преку економски скали и гардероби пристапуваат кон јаслите.
На катот сметени се 4 јасли, групирани по две занимални и заеднички простор за санитарен дел. До нив се пристапуваа преку две скалишни јадра соодветно од главните влезови во призмејето. Покрај едното скалишно јадро предвиден е и лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движење.
фото: Снежана Костовска
На катот предвидена е галерија ориентирана према повеќенаменската просторија и предвидената дрвена бина, со сигурносна памфлекс ограда и пекасрени елементи, како и три дрвени куќички кои имаат улога на видиковец. Долж галеријата, соодветно на делот на приземјето, над отворениот трем, предвидена е отворена тераса со дрвен под, на која во подот има отвор со еластична мрежа во челична конструкција, анкерувана на аб плоча, сигурносно обезбедена со дупла мрежа, која служи за безбедна игра на децата , но истовремено и транспарентност кон долниот трем.
Пресеци
На катот сместен е и делот за администарција, каде се предвидени простотија за раководител, сала за состаноци, просторија за благајник и сметководител, со свој санитарен дел.
Во подрумскиот дел сместена е центарална кујна која е во функција само за потребите на градинката. До кујната вработените пристапуваат преку надворешни скали и контролиран пристап со картици. Додека снабдувањето на кујната е преку надворешен пристап од аб рампа, а излезеот на отпад е преку хидраулична платформа, сместена под скалишниот пристап.
Изгледи
Снабдувањето со готова храна на приземјето и катот е преку хидрауличен сервисен лифт, (за кого не e e потребно дополнително лифотовско окно. Истиот е на сопствене конструкција, и треба да се прикаче на фасаднотот аб.платно) каде на двата ката преку офис има изнес на готова храна и внес на нечисти садови. Во призмениот дел сместена е помошна кујна, која служи за миење на садови и пертпростор за излез на отпад, додека на катот на истиот простор сместена е млечна кујна.
фото: Филип Конески
фото: Снежана Костовска
Во подрумскиот дел покрај кујната, остави, сместена е и централна перална, со одделен простор за директно собирање нечиста постелнина која од приземјето и катот се испушта преку цевка со вратнички.
Покрај нив во подрумскиот дел сместена е машинска просторија со директен пристап од паркинг просторот.
Сите предвидени материјали се во склад со важечките технички прописи и нормативи за објекти, трајни, природни, естетски издржани и достапни на пазарот.
Сите мерки кои се планирани да се преземат при изградба на објектот, се во склад со пропозициите за нивната употребливост дефинирани согласно Законот за Градење на РМ, Правилникот за Просторно и урбанистичко планирање односно валидните акти за реализација на предметниот локалитет содржани во изводот од деталниот урбанистички план.
фото: Снежана Костовска
По изградба на објектот, треба да се добие едно рационално и современо решение на објект на јавна установа – детска градинка, комплетно, соодветно на постоечките услови на локацијата и општествени нормативи и критериуми за употреба и погодна за потребите на корисниците.
Автор на статија: Filip Koneski