Детска работилница за архитектура – Котур
17.11.2021 • Информации

Изминатиот викенд во Котур се одржа архитектонска работилница за деца по повод денот на ослободувањето на Скопје 13-ти Ноември. Организаторите објавија фотографии од настанот и извонредните резултати, кои сакавме јавно да ги пофалиме.
„На три макети во различно мерило (размер) децата добија три задачи, да го уредат просторот околу Школка (М=1:100), да смислат настан, сценографија и натстрешница (М=1:50) и да испроектираат рампа за Школка да стане пристапна за сите (М=1:25). Проектите беа повеќе од успешни, а презентациите презабавни.
Децата го ослободија Скопје! Браво за сите учесници и голема благодарност до сите родители!
Се гледаме на втората работилница со Маги, Маја и Мика!“
Извор: фејсбук профилот на Котур

Автор на статија: Ноеми Чаусидис