Детско одмаралиште „Титови пионери“, село Николиќ, Дојран

Автори:  Непознат

Година:  Крај на 1970 години

Локација: Село Николиќ, Дојран

Детските и работничките одмаралишта во Македонија се уште една жртва на долгодишната транзиција. Најголем дел од детски одмаралишта во Македонија денес се заборавени, продадени и руинирани.

Детското одмаралиште „Титови пионери“ крај селото Николиќ, Дојран претставува објект од извонредна архитектонска вредност и квалитет кој за жал денеска е руина. Лоцирано непосредно до Дојранското езеро, одмаралиштето со својот разигран план ги врамува сите посебности на својата локација.

Локација на одмаралиштето „Титови Пионери” во Дојран ©МАРХ

Архитектонскот обликување на објектот е јасно произлезено од неговата функција. Функцијата е јасно читлива преку обликувањето и волумените кои го сочинуваат објектот. Преку варијациите на истите, одмаралиштето е расчленето во 5 „посебни“ единици симетрично поставени и дел придружни објекти. Според информациите од катастар објектот има градежна парцела од  6366,2 м2.

Конструкцијата и фасадната обработка е од комбинација на изложен (натур) армиран бетон и груба малтерна обработка со нагласен висок кров поставен на метална конструкција која му дава посмирен однос и игра со околината.

Според последните информации комплексот до 2015 е во сопственост на Министерство за труд и социјална политика кога имаше и обид заедно со уште 5 одмаралишта да биде продадено на приватни инвеститори.

На следниов линк од Радио Валандово можете да го погледнете видеото од состојбата во 2019 година.

Јужна фасада на главните објекти@Зоран Ангелковиќ
@Зоран Ангелковиќ
@Зоран Ангелковиќ
Придружни објекти @Aaron De Jaeger
Поглед од Беласица @Huseyin Izci