Дигитализација на станбени згради и Охридска куќа / МЕЛЕЕМ

Од 2020та година, МЕЛЕЕМ организира онлајн обуки за користење на Bim софтверот Revit за изработка на архитектонски цртежи.

Како задача на учесниците им беа зададени станбени згради од Скопје изградени во шеесетите и седумдесетите години на дваесетиот век, како и куќи од Охрид.

Цели на оваа обука беа:
– едукација на студентите и младите архитекти за користење на BIM софтверот Revit
– дигитализација на постоечки станбени згради во Скопје

 

Софтверот Revit се користи во целиот свет за изработка на проекти од сите размери, со помош на оваа обука учесниците стануваат поконкурентни на локалниот и светскиот пазар.

Дигитализацијата на станбените згради е важна за истражувања во станбената архитектура во нашата земја. Овие материјали се достапни онлајн како бесплатна датотека за сите истражувачи во ова поле.

Процесот на дигитализација е планиран да продолжи низ текот на годините, се со цел постепено дигитализирање на што е можно повеќе згради во нашата земја и нивно објавување јавно, за да сите истражувачи во ова поле да можат да продолжат понатаму од каде што една група застанала.

 

 

За потребите на оваа дигитализација ни се потребни и основи од згради, така што секој кој што сака да помогне може да ни ги испрати на емајл Info@meleemskopje.com

Сите објекти можете да ги спуштите на овие линкови
https://meleemskopje.com/digitalizacijabimrevit/
https://meleemskopje.com/digitalizationpt2/
https://meleemskopje.com/digitalizationpt3/

Ментор
архитект Сара Симоска

Учесници
Иван Николовски
Елена Златеска
Леона Соломовска
Јана Димовска
Александра Цветковска
Мартина Блажеска
Радмила Јосифоска
Вјоса Сарачини
Катерина Цветковска
Марија Трајаноска
Теодора Петрушевска

Емилија Цветкова
Даниела Василева
Мартина Георгиева
Павел Ристов
Сара Трајкова
Стефанија Соколовиќ
Лара Герасимова
Нина Стрезовска
Христијан Пелтековски
Ружица Станковиќ

Ален Вејселовски
Габриела Гавриловска
Ивана Манасова
Катерина Рамаданова
Александра Андоновска
Сања Чунгунчалиев
Суат Абдулаи
Александар Котевски
Ива Христовска