Доделени наградите на БИМАС XX и XXI

Во петокот, на 29 септември, во 19:30 часот во Музејот на Современата Уметност во Скопје, се случи свеченото затворање на БИМАС 20 и БИМАС 21. На настанот беа доделени наградите во повеќе категории, по што следеше коктел со забава.

20 БИЕНАЛЕ

  1. Голема награда на Бимас, за реализиран архитектонски објект
    Архитектонско студио БМА за објектот – О.У. Киро Глигоров
  2. Награда за реализирана внатрешна архитектура-ентериер
    Архитектонско студио ПЛАТФОРМА – Книжарница „Литература МК”
  3. Награда за урбанистички план или проект
    На авторите: Слободан Велевски, Иван Арсовски, Марија Мано Велевска, Горан Мицковски  за проектот Велес 2.0
  4. Награда за проект од областа на архитектурата Архитектонско студио СИНДИКАТ – Станбена куќа „АРС”
  5. Специјална награда
    На авторите: Зоран Абадиќ за проектот Business Continuity and Disaster Recoveru Data Centre

Четири признанија за особен придонес од областа на архитектурата, внатрешна архитектура и дизајн на авторите:

  1. Александар Радевски, Викторија Ставриќ Радевски, Димитар Крстески
    за објектот санација на фасадна обвивка на деловен објект Аутомакедонија.
  2. Елена Пазарџиевска Ристовска за објектот хотел Тимс
  3. Архитектонско студио БМА за објектот Fame’s project + Културен центар на Гази Баба
  4. Архитектонско студио Параметар  за Спортско качувачки центар во Штип

 

Жири комисија на БИМАС ХХ
1. Зорица Блажевска, претседател
2. Ангел Ситновски, член
3. Соња Наковска, член
4. Ана Ивановска-Дескова, член
5. Дејан Ивановски, член

 

***

 

21 БИЕНАЛЕ

  1. Голема награда на Бимас, за реализиран архитектонски објект:
    Сашко Иванов за објектот за Семејна куќа во Тасино Чешмиче
  2. Награда за реализирана внатрешна архитектура-ентериер:
    Архитектонско студио БМА  / Филијала на Стопанска Банка, Охрид
  3. Награда за урбанистички план или проект:
    Не е доделена
  4. Награда за проект од областа на индустриски дизајн:
    Бојан Каранаков, Александар Радевски, Борјан Менкиноски, Филип Велкоски
    за Летна сцена Лепеза, Градки Парк-Скопје
  5. Специјална награда:
    АТТИКА  за Станбен објект Рузвелтова 11

Жири комисија на БИМАС XXI
1. Мартин Гулески, претседател
2. Кристинка Радевски, член
3. Скендер Палоши, член
4. Љупчо Јованов, член
5. Хамди Сулејмани, член

 

***
Фото: Борис Јурмовски

Автор на статија:

/ /