Хотел „ТИМС“ / BIRO 60B

Автор: Елена Пазарџиевска Ристовска

Соработници: Ангел Ангелов, Ирена Павлова, Круме Атанасов

Биро: BIRO 60B

Клиент: Hotel Tim`s Apartments Skopje

Година на реализација: 2020

Локација: ул.„Орце Николов“ , Скопје

Површина: 900m2

Фотографии: Владимир Мирчевски

 

 

Хотел Тим`с е основан во средината на 90-тите и е меѓу првите приватни хотели во Скопје. Работи како семеен хотел и својата репутација ја гради врз своите просторните соби и апартмани за подолг престој. Со промените во побарувачката и со порастот на бројот на хотели во Скопје, на објектот му е потребна нова внатрешна огранизација, со поголем број на соби, кои би се разликувале во големината и нивото на опременост.

 

 

Дизајнерскиот пристап се фокусира кон обединување на различни типови на внимателно избрани материјали, текстури и бои. Дрвените декори, мермерните масички, големите огледала и мебелот дизајниран според потребите заедно со пространоста и светлината креираат чувство на модерен луксуз. Класичниот, но истовремен современ концепт ја акцентира отвореноста и чистината на просторот создавајќи пријатна атмосфера и единствено искуство.

 

 

 

Енергетската ефикасност како еден од главните дизајнерски насоки, резултира со целосен редизајн на фасадата и инсталација на соларни панели и паметни еколошки системи во внатрешноста на зградата. Белата фасадна мрежа, дополнета со златни детали на јужната фасада го затскрива предоминантното заоблување на фасадата и истовремено дозволува игра на светло и сенка  за време на денот. Ноќе, мрежата блеска во полн сјај, дополнета со прозорските отвори, кои се појавуваат како нежно осветлени контури.

 

 

Проектот за хотелот е добитник на BIG SEE наградата за ентериерно решение за 2021 година и е во конкуренција за Гранд При наградата во категоријата на објекти за услуга.

 

Технички цртежи :

Основа на ниво -1

Основа на приземје

 Основа на карактеристичен кат

 

Фасада