Домување во Буњаковец | Архитектонско студио 5.1 (дел 2)

Семестар: III година, зимски семестар 2023/2024

Тема: ДОМУВАЊЕ ВО БУЊАКОВЕЦ

Предмет: Архитектонско студио 5.1 – УКИМ

Локација: Населба Буњаковец во близина на училиштетот „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Димитар Папастеревски, Александар Петановски, Марија Петрова

 

 

Во позадина на Трговскиот центар „Буњаковец“, во понискофрекфентна зона, е сместен просторен паркинг вклештен во помеѓето на значајни архитектонски објекти. На север овој простор е затскриен со низа станбени објекти од булеварот Партизански Одреди меѓу кои се вбројува и станбениот блок од архитект Александар Серафимовски, на југ е во директна корелација со училиштетот „Јохан Хајнрих Песталоци“ (арх. Алфред Рот), а од запад пак, е во близина на Железничката колонија и нејзиниот уникатен атриум.

Поставената задача од Архитектонско студио 5.1 „ДОМУВАЊЕ ВО БУЊАКОВЕЦ“ има за цел да го надгради овој паркинг простор со простор за домување, но и со просторен јавен плоштад кој ќе се вгнезди во новопроектираната композиција од згради. Предложениот комплексот згради се состои од три меѓусебно поврзани блокови со различни висини, кои создаваат динамичен хоризонт. Висината на овие блокови е прашање кое треба да го утврди секој проект зависно од предложениот концепт.

 

Проект 5: Зејнеп Бешир, Флора Белули

Овој концепт е во врска со формирање на јасни, едноставни и функционални простории во два волумени ,меѓу себе позрзани со мост ,кој што се подигнати на платформа под која се овозможува паркинг место за возилата од станарите. Според новопроектираната состојба локацијата се дели на две зони односно парцели , каде едната зграда опфаќајки една парцела е П+4 над кој што се возвишува двовисински простор наменет за спортуванје/теретана , и другата зграда е П+9 во кој имаме планирано еден отворен кат кој би служел како тераса за различни намени или простор за социјализација. Од типологии на станови ние испланиравме двособни и трособни станови со тераси лоцирани во дневните соби . Во главно становите се состојат од влезен простор, дневна соба со трпезарија , кујна , спална соба, бања , тоалет и утилитен простор.

 

Основа
Аксонометрија
Основи

 

Проект 6: Кети Лазовска, Симона Димитриевска

Линиска станбена структура со отворен страничен коридор-галерија на север на која јужно соодвествуваат конзолни испусти во улога на тераси. Се воспоставува рамнотежа на конструктивен систем. Скалишни краци овозможуваат пристап до станови од повеќе точки на едно ниво.

 

Ситуација
Основа
Пресек

 

Проект 7: Лилјана Иванова, Ивана Ангелова

Проектот претставува склоп на два станбени објекти со исти содржини, решавани на ист архитектонски јазик, ист конструктивен систем, материјалност и искористеност на просторот. Користен е армирано-бетонски скелетен систем, и главниот материјал е бетонот, со акцентирани елементи од гранит на фасадата. Двата станбени објекти претставуваат тип галерија, со користење на системот на страничен надворешен коридор и засебно скалишно јадро и лифт. Се појавува дилатација кај предвлезниот простор со цел да се добие поголема приватност на просториите кои се отвараат кон надворешниот коридор. Формата и поврзувањето на двата објекти е постигнато со различната катност и меѓусебното поврзување преку мост, исто така целиот објект е решаван со континуирани тераси кои се надоврзуваат на фасадата на објектот.

 

Ситуација
Основа
Пресек

 

Проект 8: Марко Велковски, Лука Здравковски

Архитектонскиот концепт на овој комплекс ја нагласува интеграцијата, и меѓу самите згради и со околната средина. Различните висини на зградите и разиграниот и неправилен распоред на структурата укажуваат на намера да се создаде визуелно автентичен изглед и да се ублажи импозантниот ефект кој го имаат големите градежни маси во густо изграденото градско јадро. Вклучувањето на тераси и социјални површини укажува на дизајнерска филозофија која ја вреднува социјалната интеракција, активностите на отворено, како и одржливоста и еколошкиот аспект, земајќи го предвид потенцијалот за зелените и водните површини.

 

Основа
Основа
Пресек