Државниот архив одбележува 70 години постоење

 

Оваа година Државниот архив одбележува 70 години постоење oткако во 1951 година Народното собрание на НР Македонија го усвоило Законот за државните архиви со кој било поставено создавањето на тогашниот Државен архив на НР Македонија. Низ седумте декади, Архивот се градеше како еден од столбовите на македонската државност и ризница на колективната меморија.

Денес, Државниот архив се стреми да биде современа институција која го промовира културно-историското наследство на државата во меѓународни рамки, истовремено настојува да го фати чекорот на глобалната модернизација во функционирањето на светските архиви.

 

 

Свечената академија по повод годишнината од основањето, ќе се одржи на 1 април 2021 г. во 12 часот, во НУ „Музеј на македонската борба“. На настанот свое обраќање ќе имаат покровителот на јубилејот, претседателот на Владата, Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, а присутните ќе може да се запознаат со изложба и со три нови изданија, кои треба да го прикажат историјатот на Архивот и документарното богатство што го поседува.

 

Стариот објект на Државниот архив / Google maps