Душан Џамоња / 1928 – 2009
02.02.2023 • Автори
Душан Џамоња (Струмица , Македонија на 31 јануари 1928 – Загреб, 14 јануари 2009) e вајар и автор на архитектонски проекти за музеи, споменици на културата, галерии, висококатници и џамии.
Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб во 1940-тите години, живеел и работел во Брисел, Врсар и Загреб. Првата изложба ја имал во 1954. година. Добитник е на многубројни признанија за својата работа.
Главно работел со бронза, железо, челик и алуминиум. Неговите монументални и главно апстрактни скулптури се изложувани на Плас Вандом во Париз, Праса де Комерсио во Лисабон, пред Палатата на правдата во Брисел и во Лондонскиот Риџентс парк.
За неговата меѓународна кариера особено значаен бил настапот на 30. Венецијанско биенале (1960. год.) кога бил номиниран за Големата награда на биеналето и со тоа го освоил вниманието на меѓународната критика.
Бил избран за член на Српската академија за науки и уметности во 1988., а во 2004 и на Хрватската академија за науки и уметности.
Неговото творештво опфаќа голем број скулптури, споменици, културни центри и други значајни дела од времето на Југославија. Како најзначајни ги одвојуваме:
- Споменик на ослободувањето на Истра, Пазин во 1951 година
- Споменик на паднатите борци, Славонски брод во 1951 година
- Споменик на непознат политички затвореник, Загреб во 1953 година
- Споменик на ослободителите на островите Крес и Лошињ, Мали Лошињ во 1955 година
- Споменик на џелатите во Јајинци во 1957 и 1980 година
- Споменик на жртвите од декември, Загреб во 1961 година
- Комеморативни гробишта во кампот Дахау во 1959 година и Дахау 2 во 1964 година (проект)
- Споменик на револуцијата во Мославина, Подгариќ во 1967 година
- Споменик на жртвите на фашизмот во Подхум, кај Риека, 1968 година (проект)
- Споменик на битката кај Стубичка 1573, 1969 година (проект)
- Споменик на револуцијата, Козара – Мраковица во 1972 година
- Споменик на победата и жртвите на Сремскиот фронт во 1974 година (проект)
- Споменик на Едвард Кардељ, Сисак во 1980 година
- Споменик на паднатите борци, Јошан во 1980 година
Користени извори:
wikipedia.org; spomenikdatabase.org; youtube.com
Автор на статија: Martina Shteriova