Две наградени идеи за предлог локации за идни меѓународни конкурси на TerraViva во Македонија

Интернационалната платформа за организирање на меѓународни конкурси за архитектура, TerraViva, позиционирана во Италија, ги објави резултатите од последниот повик на кој се бараа нови потенцијални локации за организирање на ваков тип конкурси.

Две од наградените идеи се локации во Македонија, поточно во градот Охрид. Едниот награден предлог е на тимот- Анастасија Ристеска и Ева Зовиќ, додека вториот е под авторство на Симона Чингоска.

 

Анастасија Ристеска и Ева Зовиќ

 

Целта на ова прво издание на Повикот за конкурси беше да се соберат нови идеи за оригинални и невидени локации од светот, подобни за организација на конкурси за архитектонски идејни решенија во согласност со вредностите и темите за дизајн промовирани од TerraViva. Вклучувајќи стотици талентирани креативци од целиот свет, оваа иницијатива е вистински успех и од кој организаторот доби широк спектар на одлични предлози . Поради оваа причина,  наградени се покрај првично планираните 10 предлози, дополнително уште 5 исклучителни идеи кои го заслужија ова признание.

 

Анастасија Ристеска и Ева Зовиќ

 

Овој предизвик уште еднаш ја потврди неизмерната вредност на неверојатната заедница на архитекти и дизајнери, способни да предложат уникатни конкурсни идеи кои се однесуваат на архитектонски и урбанистички теми од големо глобално значење.

 

Симона Чингоска

 

Од рехабилитација на местата на УНЕСКО зашитените подрачја до адаптивната повторна употреба на индустриските урнатини, победничките предлози откриваат многу локации од различни земји и се однесуваат на различни размери на интервенција во полето на архитектурата и урбанизмот. Секој предлог за конкурс го одразува личното искуство на дизајнерот кој го напишал, кој преку длабоко истражување на темата и локацијата на проектот, успеал да раскаже единствена приказна за зграда, град или одреден пејзаж.

 

Симона Чингоска

 

Бидејќи правилата на конкурсот, не дозволуваат да се објавуваат имињата на локациите се до организирањето на конкурс за истите, ќе оставиме на публиката сама да ги препознае 😉

 

Извор >>> Terra Viva