Еклектичен објект во кругот на Медицинското Средно Училиште
17.08.2023 • Фотографија ХХ век / I половина

Од она малкуто што остана во Скопје, од архитектурата меѓу двете светски војни, денес ви го презентираме објектот во состав на Медицинското Средно Училиште „ Д-р Панче Караѓозов“.
Според неговото обликување станува збор за помошен објект, во кој можеби била сместена машинска просторија. Денешната состојба е незавидна иако неговиот потенцијал за пренамена е неспорен. Локациски можеби не е најсоодветното опкружување, но тука може да видиме ателје, кафетерија, библиотека, спомен соба итн.
Фото: Филип Конески 2023

Автор на статија: Filip Koneski
Еклектичен објект / Медицинско средно училиште / Панче Караѓозов