Еклектичен објект во кругот на Медицинското Средно Училиште

Од она малкуто што остана во Скопје, од архитектурата меѓу двете светски војни, денес ви го презентираме објектот во состав на Медицинското Средно Училиште „ Д-р Панче Караѓозов“.

 

 

Според неговото обликување станува збор за помошен објект, во кој можеби била сместена машинска просторија. Денешната состојба е незавидна иако неговиот потенцијал за пренамена е неспорен. Локациски можеби не е најсоодветното опкружување, но тука може да видиме ателје, кафетерија, библиотека, спомен соба итн.

 

Фото: Филип Конески 2023