Деловна зграда „Еликсир“ / KL Studio

Автори: КЛ Студио Доо Скопје

Изведувач: Челик Инженеринг

Површина: 2350 м2

Година: 2023

Фотографија: Андријана Тилиќ

 

 

Авторско образложение:

„Со задоволство го споделуваме нашиот проект за Деловна зграда на компанијата Еликсир, во кој имавме привилегија да учествуваме во целиот процес, почнувајќи од проектот за архитектура и завршувајќи со комплетирањето на ентериерот. Оваа можност за истовремено работење на двата аспекти ни овозможи целосно интегрирање на формата и функционалноста.

 

 

Проектот вклучува магацин и административна зграда во која се сместени: канцеларии, центар за обука и простор за презентација на најновите козметички производи, кои се основната дејност на Компанијата Еликсир.

 

 

Позиционирањето и формата на зградата беа под значително влијание од локацијата на далноводот за дистрибуција на електрична енергија што минува низ парцелата. Тоа резултираше со каскадна силуета видлива од паркингот, и елегантен и линеарен дизајн кон соседниот двор.“