Оживување на езерото Треска, Скопје / Стефановска

Година: 2019

Тема: Архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови

Наслов: Оживување на локацијата покрај езерото Треска во градот Скопје со создавање нов туристичко-рекреативен комплекс

Предмет: Магистерски труд / АФС

Автори: Ангела Стефановска

Ментор: Проф. д-р Анета Христова-Поповска

Локација: Езеро Треска, Скопје

 

 

Продолжувајќи ја темата за езерото Треска, ви претставуваме магистерски труд кој храбро пристапува кон неговата реанимација. Студентот Ангела Стефановска, по деталната анализа за постоечката ситуација, ја задржува спортско – рекреативната намена и предлага нови обејкти нанижени околу брегот на езертото. Ова решение претставува преплет на структури, партерното зеленило и патеки, сите изведени во природни – органски форми.

 

Сл. 1, Новопроектирана ситуација

 

Темата на ова истражување е возобновувањето на рекреативниот центар на постојната локација на езерото Треска на периферијата на градот Скопје, чиј неискористен потенцијал и запуштеност останале изолирано да сведочат за постоењето на некои минати вредности. Целта на истражувањето е враќање во функција на туристичко-рекреативен центар во вид на интегрирана целина која ги обединува луѓето, природата и изградената околина во единствениот хуман и културолошки концепт на одржливост. Наспроти трагите на постоечките објекти, новото решение би претставувало самореферетна точка на излез од градот, со архитектонски содржини од јавен карактер со спортско – рекреативна, еколошки – одрржлива, културна, перформативна, како и стопанско – угостителска програма.

Појдовен чекор за враќање во функција е комплетна ремедијација на локацијата, преку изградба на нова пречестителна станица, нов инфраструктурен систем во рамки на пошироката околина со што фекалниот отпад од околните населени места нема да завршува во реката Треска, како и отстранување на постоечките објекти со што ќе се развие целосно ново концептуално предлог решение. Новиот архитектонско – урбанистички модел е во рамки на постоечките 450000 метри квадратни вкупна површина на парцелата, вклучувајќи ги во планот и вештачкото езеро Треска и реката Треска со кејот. Компексот го задржува капацитетот на 10000 капачи, како и дел од некогашната програма,нејзината позиција и групирање (кампот, влезот, ресторани итн.)

 

 

Сл.  2, Постоечка ситуација / Сл. 3, Новопроектирана ситуација – основа на приземје;

 

Од програмски аспект, направен е еден вид на историски наврат од 80-те и 70-те години на XX век, преку интегрирање на целата програма на некогашниот спортско-рекреативен потег Сарај – Матка, вметната во новиот урбанистичко – архитектонски предлог. Па така како главни содржини се предвидуваат спортско – рекреативни, угостителско – комерцијални објекти, библиотека, привремено домување – камп со приколки и бунгалови и водени спортови (кану и кајак клуб).

 

 

 

Сл.  4, Програма – компаративна анализа

 

 

Во диспозиција на овие содржини влијае непосредното опкружување, како и други фактори (проветрување, осончаност, визури, бука, фрекфентност, ориентираност кон водите), со што овие намени се распределуваат во вид на интегрирани групации на одредени точки, групирани врз основа на нивната сродност, но и нивно понатамошно мешање со цел да се зголеми динамиката и заедничко функционирање.

 

 

 

Сл. 5, Новопроектирана програма

 

 

Инспирација на проектот е просторното развивање на содржините кои ја следат линијата и формата на езерскиот и речниот воден фронт. Содржините кои се дел од проектот се карактеризираат со органска геометрија која се втопува во просторот и околниот зелен пејсаж со динамична дводимензионална и тродимензионала обликовност која нуди голем естетски, ликовен и еколошки потенцијал инспириран од природните форми и живи организми околу нас. Проектот се повикува на леснотија и транспарентност со развивање во хоризонтала, наспроти актуелната монументалност и гломазност во проектирањето, чија главна цел е да не му натежне на просторот туку напротив да го обедини со човекот и природата. Новото предлог решение претставува интегрирана целина од три слоја кои меѓусебно се испреплетуваат и преклопуваат:

  • Траекторија на доживување на посетител, мрежа на патеки
  • Зелени острови, партерно и пејсажно планирање
  • Покривни конструкции, архитектонски објекти

Мрежата на патеки е поврзувањето, односно чин со кој се обединуваат сите слоеви на активности во комплексот, чии што движења се непрекинати и осцилираат низ целата локација. Мрежата на патеки е поделена на три таректории: пешачко-колска главна патека со плоштадски проширувања и режимско користење на возила за дотур на роба и оддржување, како и до кампот, пешачко – велосипедска патека – ,,обиколница” истакната со розев порозен асфалт која поминува над езерото и споредни патеки за пешаци за приклучување кон конкретните соржини. Главната патека за посетители започнува и завршува во иста точка на главниот влез на комплексот, но има и спореден технички влез.

 

 

 

Сл. 6, Анализа на движење низ комплексот

 

 

Пејсажното уредување на комплексот е планирано во вид на зелени острови, обликувани од самата мрежа на патеки. Зелените острови се дводимензионални тревни површини каде има високо и ниско зеленило со специфична флорална обработка, дрвореди, тродимензионални надвишувања на самиот терен, игралишта, урбана опрема и павиљонски монтажни објекти за мултифункционална употреба.

 

 

 

Сл. 7, Детален сегмент од кампот

 

 

Изградените објекти на новото просторно решение претставуваат три покривни конструкции – настрешници. Концептот на покривната конструкција е челичен конструктивен систем, која ги обединува содржините под неа во вид на една целина без нивно затворање и органичување. Содржините под покривните конструкции се визуелни отворени објекти со структурална фасада во кои се сместени главните програмски содржини, како и отворени спортско-рекреативни површини како терени, шеталишта и надворешни базени. Материјалите кои се употребуваат (дрво,челик и стакло), кореспондираат со најновиот тренд на зелен дизајн и самоодржлива архитектура.

Во рамки на проектот покривните конструкции ќе се разработуваат како одделни сегменти, вклучувајќи го и нивното непосредно партерно уредување и тоа:

  • Сегмент Амеба кој во својата програма вклучува олимписки базен, надворешен базен, спортски игралишта тенис имини фудбал и затворен спортски центар (јога и теретана);
  • Сегмент Триангл со угостителско-комерцијална (ресторан, изнајмување на опрема за пливање со гардероби, бар) и едукативна содржина (библиотека);
  • Сегмент Циркуло за водени спортови на брзи води (кану клуб) и бавни води (кајак клуб за веслање);

Од студентот

 

 

 

Сл. 8, Сегмент Амеба

 

 

 

Сл. 9, Сегмент Триангл

 

 

 

 

Сл. 10, Сегмент Циркуло

 

 

 

Сл. 11, Изгледи

 

 

Сл. 12 / 13, Изгледи и пресеци

 

 

 

 

Сл. 14 / 15, 3Д визуализации

 

 

 

Сл. 16 / 17, Фотографии од макета