FOSSILIZED MODERNISM предавање на Стефано Перего во Скопје
01.02.2018 • Информации
На 3ти февруари во кино салата на Музејот на Современата Уметност ќе се одржи предавањето на италијанскиот фотограф Стефано Перего. Портфолиото на Стефано е богато и разнолико. Тој во последните години го прошетал целиот свет по потрага по архитектурата од XX век, со која светската архитектонска јавност е недоволно запознаена и во последните години станува актуелна.
Италијанскиот магазин divisare.com за неговата фотографија вели: ,,Архитектура со моќно визуелно влијание и шарм, шари и бетон, заборавени руини и опустошени сцени кои што раскажуваат многу за цела ера и нејзината уметничка вредност.”
Скопје е неговата следна дестинација каде ќе го продолжи фотографското истражување. Во предавањето ќе бидат изложени фотографии од Словакија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Грузија и регионот Централна Азија. Тема на предавањето е Fossilized Modernism.
Автор на статија: Sara Simoska