Фреско декорација на столбови низ примерот на црквата Св. Пантелејмон во село Мокриево, Струмичко

Периодот на втората половина од XIX век е времето кога започнува националната преродба кај македонскиот народ. Во истиот период паралелно се развиваат и другите сфери на општественото живеење, особено во делот на христијанството каде се обединуваат градителството и уметноста како сфери на творештво, традиција, култура и образование.

Се појавуваат голем број на градители, зографски тајфи, учители и преродбеници. Голем дел од македонското недвижно културно наследство од XIX век претставуваат токму православните храмови кои се појавуваат во секое населено место. Најчестиот концепт на овие цркви е трокорабната градба.

 

 

Во денешната објава акцентот го ставаме на фреско декорацијата, која се појавува на столбовите кои ја дефинираат и одделуваат градбата во три сегменти – бродови, централен  доминантен и два странични и помали.

 

 

Имавме можност да го посетиме храмот Св. Пантелејмон во село Мокриево, под Беласица, подигнат во 1874 година, каде документиравме фреско декорација на столбовите. Според Википедија на македонски јазик, зограф на црквата е Андон Петров од село Гари, Дебарско. Мотивите се флорално-геометриски.

 

Фото: Филип Конески