Град Скопје ќе постави споменик на Јосиф Михајловиќ-Јурукоски

Во програмата на  култура на Град Скопје за 2026 година, се предвидени средства за подигнување на споменик на еден од најзначајните скопски градоначалници – Јосиф Михајловиќ – Јурукоски, кој се смета за татко на модерното Скопје.

Информацијата ја пренесува порталот sdk.mk за кои Тања Балаќ, раководителка на Секторот за јавни дејности во Град Скопје, изјави: „Сметавме дека оваа личност, татко на модерното Скопје, заслужува едно такво обележје во главниот град. Во програмата се обезбедени пари за оваа намена“

За оваа тема сме пишувале во повеќе наврати и изразуваме поддршка за истото, но упатуваме на јавен повик, промисленост, соодветна позиција на споменикот  и високи естетски вредности.

 

Куќата на Јосиф Михајловиќ – Јурукоски, денес Албанска Амбасада

 

Кој е Јосиф Михајловски Јуруковски?

Јосиф Михајловиќ е роден во селото Тресонче (28 мај 1887 год.) од татко Михајло( Мијалче) и мајка Христина. во семејство на ѕидари и зографи. Бил од родот Јуруковци. Малиот Јосиф се описменил во манастирот “Свети Јован Бигорски”, а поради работата на татко си во реонот на Скопска Црна Гора, целата фамилија на Јосиф, кога тој имал само шест години, се преселила во скопското село Кучевиште. Живеел во бурно време на војни. Учествувал во  балканските војни (1912, 1913), а потоа и во првата светска војна (1918 год.).

Дипломирал на архитектонскиот отсек при Високата техничка школа во Белград 1910 год. Прва работна задача  во 1911 година му било вклучувањето во тимот што ја проектирал зградата на Академијата на науките и уметностите на Србија и на градската палата на градот Белград. Потоа патот го однел во Америка, каде останал до крајот на војната. На американскиот континент се стекнал со титулата инженер-архитект и сосема длабоко навлегол во американските политички концепти. По враќањето од Америка заминал на доспецијализација на Универзитетот во Сорбона (Франција), на Институтот за урбанизам, а заминал на уште повисоко специјализирање и во Лондон.

Продолжете со читање >>>