Град Скопје ќе се сели во зградата на ЕСМ – пренесува порталот sdk.mk

Според порталот sdk.mk,  градот Скопје по продавањето на новиот објект под скопската тврдина, ќе се сели во стариот објект на ЕСМ до Градскиот Трговски Центар.

Компанијата ЕСМ пролетва ќе почнува со преселба во новиот објект спроти Музејот на Град Скопје, со што ќе го ослободи овој значаен објект од скопската модерна.

За sdk.mk  директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски изјавил дека објектот е во сопственост на владата, со што по нивното напуштање во истата ќе биде преселена друга институција, најверојатно Град Скопје.

Меѓувремено остварена е средба меѓу градоначалникот Петре Шилегов и Ковачевски, на која се зборувало за реконструкција на оригиналната фасада, на товар на градот.

 

 

Објектот е проектиран од архитектот Бранко Петричиќ во 1961 година во интернационален стил ( изведен 1962 год.), освојувајќи го првото место на анонимен конкурс. Објектот за своето време е  врв во примена на материјали и примена на конструкции. За прв пат во Скопје се употребува обесената конструкција , како и принципот на целосна стаклена фасадна покривка.

 

На старата локација, на местото на бараките на град Скопје, според планот во изработка се предвидува изведба на монтажен паркинг.

 

 Извор на информација >>>