Градска куќа со плоштад на солидарноста / Група автори

Во денешната објава Ви презентираме симбиоза на два конкурсни труда, едниот од 1993 година, каде темата е архитектонско – урбанистичко решение за потегот на Булеварот Македонија со старата железничка станица, додека вториот е конкурсот за Градска куќа во контекст на старата железничка станица, организиран во 2004 година.

Заедничкото во двата проекти е тимот Миодраг Радоњиќ и Ранчо Христов (АЈВАР) кои во првиот конкурс се во коавторство со Мартин Гулевски и Стеван Смилевски, додека во вториот конкурс се појавува и Борис Чипан.

 

 

Потегот на денешен Лимак, проектиран пред 33 години

 

Она што како фокус е важно да подвлечеме е како се размислувало пред 20 и 30 години во поглед на потенцијалот на Скопје и урбанизмот. Како архитектурата и урбанизмот се неразделни и одат едно крај друго, додека институцијата конкурс е неминовност во решавањето на големите градски потези.

 

Урбанизам без почит кон минатото / Скопје

 

Големата болка на комплексот Лимак е уништувањето на потенцијалот на старата железничка станица и рушењето на делови од истата,  одлука која урбаниститите и архитектите треба да ја носат како црна дамка на себе, додека локалните власти како голем грев кон градот кој го водеа.

 

 

Градска куќа / Музеј на град Скопје и Плоштад на солидарноста 

 

Идејата да се интервенира – догради т.е реконструира Старата Железничка станица со современа интервенција во габаритот на некогаш познатата предземјотресна силуета со намена Градска Куќа е можеби едно од најиздржаните и иновативно решение кое за жал никогаш не се реализирало за центарот на Скопје.

Во денешната објава проследуваме дел од материјалот на гореспоменатите автори, кои меѓу другото идејата за Градската куќа ја надградуваат со јавен простор.  Пред објектот се предвидел Плоштад на солидарноста, каде колскиот сообраќај понира подземно, додека делот на улица Македонија со просторот пред Музејот на Град Скопје поентира со почеток на големата пешачка зона во Скопје, давајќи и значајност на споменичноста на остатоците од старата железничка станица.

 

 

Ситуација со отворено приземје 

 

Инкомпорираното решение за пешачката зона со плоштадот во идеен проект зазградата на ЕЛЕМ, како дел од трет конкурсен труд на тимот на АЈВАР

 

Да имавме ВИЗИЈА, ова можеше да биде инкомпорирано во делувањето на Лимак, но заглавени со приоритетите на колскиот сообраќај со подземната траса на Јужниот Булевар, замижавме пред рушењето на остатоците од Старата Железничка Станица…

 

Комплекс „Стара железничка станица“ / Гулевски, Радоњиќ, Смилевски, Христов