Иницијатива: БОРБА ЗА ВЛАЕ

На 8ми март, на социјалните мрежи се појави граѓанска иницијатива насловена како „Борба за Влае“ како реакција на предложениот Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 19.

Групата граѓани забележала повеќе спорни предлози во планот и за таа цел ја информира јавноста и соседството за истото преку соодветни графички презентации.  Можноста да се поднесат пополнетите анкетни листови е до 25.03.2022 година, од тука и повикот за поголема ангажираност на локалците во процесот.

 

 

Некои од позначајните работи на кои граѓаните реагираат се:

 

  • Губење на зелениот појас долж Порта Влае за изградба на монтажни паркинзи;
  • Игралиштата на кејот стануваат површина за изградба на затворен спортски центар со што се губи концептот на отворен простор;
  • Вцртување на повеќе површини за станбена изградба;
  • Рушење на инклузивното игралиште во паркот и внесување на простор за изградба на верски објект:
  • Изградба на кули на местото на Кино Влае;
  • итн.

 

 

 

Со цел верно да се информирате за реакцијата на „Борба за Влае“ ве упатуваме да ја следите нивната страна каде можете да добиете појаснување како да се вклучите во процесот  >>>