Интерактивна мапа на градежни дозволи во Општина Центар

 

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ апелира нивната општина транспарентно да го комуницира издавањето на градежни дозволи. Тие побараа интерактивна мапа каде соседите ќе можат да видат што се гради или планира во нивната околина. Откако апелите за создавање на ваква платформа не беа послушани од страна на локалната самоуправа, тие ја подготвија сами.

 

 

Директен линк до интерактивната мапа на градежни дозволи

 

 

Сите информации се собрани од Службените гласници на Општина Центар, кои се јавно достапни на нивната веб страна. Но сепак ова не е целосната слика, голем дел од активните дозволи не се вклучени во овие извештаи, па затоа тие недостигаат и во сегашната верзија на мапата.

Иницијативата е еден одличен почеток за ново комуницирање за урбанистичката состојба во нашите општини. Се надеваме дека во идина би било возможно и зголемување на достапните информации, како на пример вметнување на некакви параметри кои дополнително би го опишале изгледот, големината или типот на објектот кој би се градел.