„Историја на Скопје и неговата околина“ / Салих Асим

Автори:  Салих Асим

Година:  1908 / 1932

Издавач: Музеј на град Скопје

Превод: д-р Драги Ѓоргиев

Година: 2005

Книгата „Историја на Скопје и неговата околина“ издадена во 1932 е издание од огромно значење за градот и неговиот развој. Издадена од скопскиот градоначалник Салих Асим, го опишува и документира градот на крајот од 19ти век и почетокот на 20ти век осврт на еден град од доцно отоманско време низ промената на власта после Балканските војни. Авторот детално доловува една слика на еден град кој веќе не постои и е задолжително четиво за сите истражувачи во историјата и развојот на Скопје.

Првата верзија на книгата или „кратката верзија“ е издадена во 1908 година но истата е реиздадена во 1932 година. Книгата е преведена само во 2005 година од страна на д-р Драги Ѓоргиев, со Музеј на град Скопје како издавач.

Салих Асим е важна личност за Скопје, градоначалник во преминот кон 20ти век и одговорен за големи урбани проекти во Скопје. Во белешките на книгата стои „ дека „Салих Асим, син на Рустем-бег“ (1869-1935) е скопјанец. Потекнува од фамилијата Симитчилер, една од најстарите и најпознати фамилии во Скопје, чие презиме се смета дека е старо повеќе од 300 години. Три пати бил избран за претседател на Скопската општина, а дванаесет години били претседател на Скопскиот општински суд.

Салих Асим бил на челото на Скопје во перидот по 1888 година кога седиштето на Косовскиот вилает се префрла од Приштина во Скопје и станува познат како Скопски вилает. Со оваа важна титула, во градот се подигаат забрзано голем број на административно управни објекти. Секако најважниот од нив управната зграда или Вилаетскиот конак, познат и како Уќумат ( денес исто познат и како Рубен Кармин),  новата поштенска зграда, новите Касарни итн.


Како најважните проекти изведени во времето на Салих Асим се покривањето на реката Серава во скопската чаршија, регулирањето на бреговите на реката Вардар и формирањето на познатото занаетчиско училиште „Ислахане“ во градскиот парк. Повеќе на следниов линк

Реката Серава во Скопската Чаршија, @ Sultan abdul Hamid II collection

Книгата е поделена во следниве категории: Производи, земјоделство, трговија, банки, училишта и медреси, верски објекти и текии, вакафи, гробишта, научни и јавни друштва, чешми, амами, изчезнати еснафи, обелисци, саат кула, мостови, згради од турска власт, серава, познати личности, воденици и фабрики, хотели, театри и кина, уредување, население и јазик, села, рудници, стари фамилии и историја на Скопје.

Книгата оргинално е напишана и издадена на Турски јазик напишан со старото арапско писмо.