Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија / Константиновски

Година: 1978

Автор: Георги Константиновски

Локација: Подножјето на Водно

Проектантска организација: Пелагонија Проект

Користени извори: „Патот на еден архитект“, architectuul.com

 

Објектот на ИЗИИС е подигнат во подножјето на  Водно. Според личните кажувања на Константиновски, локацијата за објектот ја има одбрано сам, со цел да постави граница над која нема повеќе да се делува кон планината.

Комплексот го сочинуваат 4 објекти, од кои три сочинуваат композиција на квадратни објекти П+1, со димензии 40/40m и лабораториската зграда каде се вршат испитувањата.

 

 

Квадратните објекти поместени по дијагонала се во функција на управата и администрацијата, наставата и компјутерскиот центар.  Во лабораториската зграда се платформите и симулаторите на земјотрес, каде се изведуваат модели во соодветен размер со цел нивно тестирање.

 

Првичната идеја за фасадата на ИЗИИС била во штокован бел камен во  бел цементен малтер, но по изведбата на бетонските платна, авторот во заедничка одлука со надзорот одлучува истите да бидат премачкани со бела фасадна боја отпорна на атмосферски влијанија.