Изложба „Скопје на новата генерација“

Вчера во шалтер салата на Македонска Пошта, од 18:30 часот Europe House Skopje го прослави својот 4ти роденден. На овој настан претходеше расписот на конкурсот за млади архитекти насловен како „Скопје на новата генерација“, чии резултати беа презентирани на изложбата, како дел од прославата на Europe House Skopje.

 

 

На отворањето земаа збор амбасадорот Дејвид Гир, министерката за култура  Бисера Костадиновска-Стојчевска и професорот Бојан Каранаков во име на жири комисијата.

 

 

На конкурсот пристигнаа вкупно 12 труда од кои 3 беа селектирани и прогласени како победници од страна на 5 членото жири составено од професори од 5 архитектонски факултети во државата:

 

I МЕСТО

Автор: Антонио Грујевски

Наслов на проект: Lotus for Her: A Sustainable Oasis in Skopje’s City Park (Лотос за неа: Одржлива оаза во Градскиот парк во Скопје)

Локација – Фонтана „Лотосов лист“ во Градскиот парк

 

 

II МЕСТО

Автори: Даниела Василева, Сара Велеска, Сара Трајкова

Наслов на проект: Reimagining Colorwaves (Преосмислување на брановите во боја)

Локација – Кеј „Димитар Влахов“ на реката Вардар (од зградата на МАНУ до бензинската пумпа на „Макпетрол“)

 

 

III МЕСТО

Автори: Натали Велеска, Ален Цветковски и Дона Митровска

Наслов на проект: SpineX (Спинекс)

Локација – Улица „Пластичарска“

 

 

„Во развојот на културата на една земја, архитектурата игра една од главните улоги. Таа секојдневно им покажува на граѓаните на еден народ или на посетителите од страна, за неговиот дух и величина. Сепак, се’ што се гради не е архитектура, тоа е уметничко остварување кое останува за долг период да му се восхитуваат генерациите кои доаѓаат”. – Авторите на Централната Пошта во Скопје

 

 

Извор ( инфо и фотографии)  >>>