Архитектонска изложба: „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ / фотогалерија

Фотографии: Мартина Штериова

Во просториите на Музеј на Република Северна Македонија се отвори архитектонската изложба: „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје.

Изложбата е резултат на едногодишниот проект од областа на културата и архитектурата  кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата го спроведе со финансиска поддршка од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски и Бојана Стојменовска.

Изложбената поставка ќе биде отворена за јавноста до 23 март, 2022 година.

Дополнителни информации за проектот „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ раководен од Здружението за поддршка и промоција на културата „Континео 2020“ – Скопје:

На веб платформата www.womenarchitects.mk јавноста ќе има можност да пристапи до дигитализирана архива од податоци за авторите и објектите опфатени во проектот.

Во прилог погледнете ја атмосферата од отворањето на изложбата >>>