ЈАВЕН ПОВИК за учество на XX и XXI Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023

Со оглед на глобалните негативни импликации на пандемијата од Ковид-19 заради што во периодот од 2020 до 2023 година не беше возможно да се организира Биенале на македонската архитектура Управниот одбор на ААМ одлучи XX-то и XXI-то Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023, да се одржат заедно од 14 до 30 септември 2023 година во НУ Национална Галерија – Мала Станица и во Музејот на современа уметност во Скопје каде што ќе бидат изложени проекти и реализации согласно Правилникот на БИМАС на ААМ реализирани (проекти и/или реализации) во периодот од 2018-2020 година и 2021-2023 година.

 

Право на учество имаат архитекти, државјани на Република Македонија. со завршен VII степен на образование, односно со освоени 300 кредити (ЕКТС) и правни лица-фирми, коишто учествуваат со дела на архитекти, државјани на Република Македонија, со завршен VII степен на образование или со освоени 300 кредити (ЕКТС).

 

Вон конкуренција можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела изведени на територијата на Република Македонија.

Пријавниот лист и упатството за подготовка на пријавата можат да се добијат по електронска пошта – kontakt.aam@gmail.com, или на facebook AAM.

Пријавниот лист се поднесува по електронска пошта на kontakt.aam@gmail.com

 

Рокот за пријавување на трудовите е најдоцна до 21 јуни 2023 г.

По рокот за пријавување, во согласност со Правилникот на БИМАС, селекторот на БИМАС 2023, ќе објави листа на селектираните трудови, по што на учесниците со прифатени трудови ќе им бидат доставени детални информации за пропозициите на форматот и за изгледот на трудовите кои ќе бидат изложени на големата изложба на БИМАС 2023, како и за изгледот и форматот на трудовите во печатениот каталог.

 

По извршената селекција, на учесниците ќе им се достави и ценовник за учество (за автори, фирми, членови на ААМ и оние кои не се членови). Котизацијата се уплаќа по објавувањето на селектираните трудови. Критериумот за плаќањето е врз основа на член 14 од Правилникот за БИМАС.

 

Награди на XX БИМАС:

  1. Голема награда на XX БИМАС, за реализиран архитектонски објект
  2. Награда за реализирана внатрешна архитектура – ентериер
  3. Награда за реализиран индустриски дизајн
  4. Награда за урбанистички план или проект
  5. Награда за проект од областа на архитектурата
  6. Специјални награди

 

Награди на XXI БИМАС:

  1. Голема награда на XXI БИМАС, за реализиран архитектонски објект
  2. Награда за реализирана внатрешна архитектура – ентериер
  3. Награда за реализиран индустриски дизајн
  4. Награда за урбанистички план или проект
  5. Награда за проект од областа на архитектурата
  6. Специјални награди

 

Составот на жири-комисијата ќе бидат објавени на денот на доделувањето на наградите.

 

Жири-комисијата го задржуваат правото да не додели награда за некоја од категориите.

 

Контакт телефони:

Ангела Ѓоргиева 078 283 831

Мишко Ралев 070 262 680

Александар Радевски 070237 789

 

Автор на статија:

/