Јавна расправа за трите нови ДУП-ови за Железара, Скопје

 

 

Додека Општината Гази Баба е во постапка на донесување на три нови ДУП-ови за локацијата на фабриката Железара, реакции пристигнуваат од различни страни.

Најпрвин граѓаните започнаа петиција против плановите, бидејќи стравуваат дека во нив се остава можност за развој на тешка загадувачка индустрија.

„Согласно ГУП на Град Скопје основната намена е Г-производство, тешка и лесна индустрија. Со нив се зафаќаат нови празни површини за парцели, површините за градење се огромни, па наместо да се намали индустријата и технолошките поцеси кои го загроуваат квалитетот на животната средина во Градот, со овие планови само се зголемуваат проблемите и се отвараат нови врати за процеси кои се опасни по здравјето на луѓето и животната средина“, се вели во петицијата.

За да е пострашна приказната, стои во петицијата, во линија над комплексот ф-ка Железара во исто време се води постапка за 3 урбанистички проекти со намена Е 3.1 -постројки за термички, физичко-хемиски и хемиски третман на неопасен отпад.

За каков отпад станува збор не се знае, вели  Ивана Павловска, која ја започна oваа петицијата. Таа се надева дека ако се информира јавноста, се добие вниманието на медиумите, се соберат потписи и се превземе акција, ќе се успее да се сопре голема еколошка катастрофа.

 

 

 

Предложени локации за складирање на отпад

 

 

 

Минатата недела беше закажана и јавна презентација која не ни започна поради расправија помеѓу низа граѓани, активисти, советници и претставници од разни партии, и координаторката на Секторот за урбанизам во Општина Гази Баба.

Презентацијата не се оддржа, а координаторката Блажевска изјави за радио МОФ дека со новите ДУП-ови ќе биде овозможено само Г-2 – незагадувачка индустрија, односно, „магацини за складирање“. Додека на тема површините за отпад таа дополни дека се уште не се знае за каков тип на отпад станува збор.

Дополнително градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгивски, во неговото гостување во „Утрински брифинг“ повторува дека не се предвидува тешка индустрија со намена Г1.

Комплексот е околу 400 хектари површина и нашата цел е во тој простор, заедно со Министерството за животна среда, да работиме со Г2, Г3 и Г4 односно незагадувачка индустрија. Немаме можност намената на Генералниот урбанистички план од 2021 да ја смениме, вели тој.

Истиот ден градоначалникот на Петре Шилегов изјави дека Општината нема да даде согласност за било каква дополнителна тешка индустрија во рамки на комплексот Железара. Сепак градот ќе има збор на темата тек на крајот на процесот, откако Општината Гази Баба ќе го усвои планот и ќе го достави го Град Скопје.

 

 

 

 

 

Додека политичарите се фокусираат на конкретната намена во ДУП-овите, голем дел од граѓаните инсистираат да не се дозволи било каков тип на нови индустриски капацитети во рамки на градот Скопје.

 

Моментално плановите се во фаза на јавна расправа. Во овој период сите заинтересирани лица можат да пополнат анкетни листови и да ги достават до Општината Гази Баба.

„ На 29ти Април се затвара јавната анкета, и ако не се направи нешто до тогаш, после ќе биде касно.“ вели Павловска во дописот до медиумите.

 

 

Извори: Слободен Печат, Радио Моф, МКД.мк

Насловна фотографија: Фокус