Job Fair – Чекор поблиску до твојата иднина!

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест Ви го    најавува тринаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2017, кој ќе се одвива во периодот 03.04-12.04.2017 година. Наше е задоволството широко да ги отвориме вратите и можностите на сите заинтересирани, затоа Ве повикуваме на официјалното отворање кое ќе се одвива на 03.04.2016 во амфитеатарот на Технолошко-металуршки факултет, а исто така Ве очекуваме на останатите денови од саемот кои ќе се одвиваат на кампусот на техничките факултети во периодот 03.04-07.04 и на АФ/ГФ во периодот 10.04-11.04.

Job Fair е најголемиот и најсериозниот настан кој БЕСТ Скопје го организира, а воедно е и местото каде студентите можат да се информираат за сѐ она кое го нудат компаниите учеснички, како и за потенцијално идно работно место или пракса. Додека пак, компаниите имаат можнст да стапат во контакт со нивните потенцијални вработени. Нашата цел е да ги доближиме амбициите на студентите поблиску до компаниите, и да бидеме дел од нивниот чекор поблиску до кариерата. Минатата година Job Fair се покажа како најуспешен досега, со вкупно 36 присутни компании.

Овој саем е одлична можност за студентите да добијат пракса или работа во некоја од најдобрите компании во земјата. Она што е потребно е да го остават своето CV na  www.jobfair.org.mk и со тоа нивните биографии стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компании – учеснички од Република Македонија и надвор од неа, во текот на целата година.

Компаниите на овој саем ќе имаат можност да држат бесплатни предавања, soft skills тренинзи, презентации, натпревари на кои ќе можат да учествуваат студентите таргетирани токму од нив.

Се надеваме на Вашето присуство и на огромен успех по завршувањето на овој настан. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на настанот: www.jobfair.org.mk

 

Автор на статија:

/